Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места во западните делови од дожд и снег.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни особено во крајните западни и североисточни делови на земјава.
Локално, можна е појава на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи, а не е исклучна ниту појава на град. Ќе дува умерен, а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне повремено ќе достигнува брзина до околу 70 километри на час.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


