| четврток, 6 декември 2018 |

Нов бизарен тренд на интернет: Селотејп селфи

Во истата недела во која самофотографирањето без шминка со голема брзина се проширија на интернет, приматот во популарноста од нив го презедоа самофотографии на лица излепени со селотејп, т.н. „селофи“, што уште еднаш ја покажува брзината со
која трендовите на интернет се менуваат.

„Твитер“ и „Фејсбук“ се преполни со фотографии на глави „храбро“ излепени со леплива лента, при што не се избегнуваат ниту чувствителните места, како што се очи и веѓи.

Акцијата „Самофотографирање без шминка“ оствари вреден резултат, и за само 24 часа успеа да собере еден милион фунти за истражување на ракот во Велика Британија.

Наспроти тоа, фотографиите со селотејп немаат друга цел освен да покажат колку селотејпот може да го изобличи лицето и да го направи непрепознатливо.

Оние кои не се плашат своето лице да го измалтретираат на овој начин, често успеваат својот лик да го претворат во нешто што потсетува на зомби и гремлини од филмовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top