
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за приштинскиот весник „Зери“, зборувајќи за состојбите во Македонија, истакна дека по изборите очекува дека идната влада ќе ја сочинуваат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Иако текстуално не го изговорил името на премиерот Никола Груевски и на неговата партија, од одговорот што го има дадено јасно се гледа дека тој нема дилеми со кого сака да ја формира идната влада.
Зери: Дали ќе ја продолжите коалицијата сo ВМРО-ДПМНЕ на Груевски?
Ахмети: Партнерството го одлучува електоратот кај Алабнците и кај Македонците. Албанската страна, која го добива легитимитетот на народот, е легитимен претставник и има легитимитет да седне на маса со македонската партија која го добива легитимитетот од македонскиот народ. Ако ја прифатат политичката филозофија на ДУИ и јас добијам легитимитет, тоа значи дека јас сум на маса со страната или со македонската партија која го добива легитимитетот од другата страна. Тука се гласа врз етничка база, а не според идеологијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


