
Граѓаните најголема доверба имаат во актуелниот претседател Ѓорге Иванов, велат резултатите од анкетата спроведена од ЦИА – Центар за истражување и анализа, Друштво за истражување, анализа и маркетинг. Според изјаснувањето на 1.839 испитаници, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, ужива доверба кај 42,24 отсто, наспроти оние 19,69 отсто кои се изјасниле за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Следува кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски со 5,39 отсто, к0ј е со минимална предност пред кандидатот на ДУИ, Илијаз Халими, за кого се изјасниле 5,22 проценти од испитаниците од теренското истражување на ЦИА.
Иванов има поголем процент на доверба од вкупниот процент на сите останати тројца кандидати заедно.
Нешто над 80 отсто од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат на претстојните парламентарни избори, а само 10,6 отсто нема да излезат на гласање.

Испитаниците при донесувањето на одлуката за кого ќе го дадат својот глас ќе се раководат според карактеристиките на личноста, односно квалитетот на предложениот кандидат. Само 18,7 отсто ќе се водат според партиската припадност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


