Српската општина Трговиште ќе дава субвенции за склучување брак, па на сите немажени и неженети им овозможува да конкурираат за субвенции и награда од 200.000 динари, што е слично со општините од истокот на Македонија, кои решија новите брачни двојки да ги помогнат со 30.000 денари, вино и ракија.
Во Трговиште живеат 5.200 жители, а околу 1000 се неженети. Причината за тоа е високата стапка на невработеност.
Советниците во Трговиште донеле одлука да одвојат 5 милиони динари од општинскиот буџет токму за субвенционирање брак. На овој начин очекуваат да го спречат иселувањето и да го зголемат наталитетот.
Трговиште е најнеразвиена општина, која се наоѓа на југот на Србија, на граничната линија со Македонија. Според последниот попис, во неа живеат и 28 Македонци. Можеби и некој од нив ќе се најде на листата среќни добитници на субвенции за брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)



