Сан Антонио на гостувањето кај Вориорс дојде до триумф од 99-90 благодарение на добрата одбрана. Најефикасен во екипата на Спарс беше Тони Паркер со 20 поени, а зад него е Дени Грин со 18. Одлична игра пружи и Тиаго Сплитер, кој покрај 17 поени имаше и 14 скока. За екипата на Голден стејт најефикасен беше Стефон Кари со 20 поени.
Њу Орлеанс Пеликанс на домашен терен го совлада актуелниот шампион Мајами Хит со резултат 105-95. Ентони Дејвис беше одлично расположен и го предводеше тимот до победа со 30 поени и 11 скока, додека, пак, на другата страна, Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 25 поени, 8 скока и со 9 асистенции.
На другите натпревари од НБА-лигата одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати: Шарлот – Портланд 124:94, Кливленд – Хјустон 111:118, Чикаго – Филаделфија 91:81, Мемфис – Индијана 82:71, Њу Орлеанс – Мајами 105:95, Јута – Орландо 89:88 и ЛА Клиперс – Детроит 112:103.
Вечерва играат: Торонто – Атланта, Минесота – Феникс, Денвер – Вашингтон, Сакраменто – Милвоки, Далас – Бруклин, Њујорк – Кливленд и ЛА Лејкерс – Орландо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


