Во канцеларијата на Народниот правобранител од утре граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија. Граѓаните можат да ги пријават неправилностите во изборниот период и на денот на гласањето на бројот 0800 54321.
– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права – се вели во соопштението од Народниот правобранител.
Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот. По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик или снимената порака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



