Граѓаните и натаму имаат најголема доверба во владејачката ВМРО-ДПМНЕ и во актуелниот претседател Ѓорге Иванов, кој уште еднаш ќе ја трча изборната трка. Тие уживаат голема предност пред СДСМ и нивниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.
Ова го покажа анкетата спроведена од ЦИА – Центар за истражување и анализа, Друштво за истражување, анализа и маркетинг.
На прашањето „За која политичка партија би го дале својот глас на следниве парламентарни избори“ 39,76 отсто од граѓаните одговориле дека ќе ѝ дадат уште еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ довербата би ја дале само 13,54 отсто.
Според анкетата, граѓаните најголема доверба имаат во актуелниот претседател. Меѓу сите останати кандидати. Иванов ужива доверба кај 42,24 отсто од испитаниците, што е повеќе од довербата која ја уживаат сите останати тројца кандидати заедно. За Пендаровски, според ЦИА, би гласале само 19,69 отсто од граѓаните.
Огромна предност има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред претседателот на опозицијата. Никола Груевски ужива доверба кај речиси 38 отсто од граѓаните, а околу 12 проценти довербата би му ја дале на Зоран Заев.
Истражувањето се спроведе по методот на теренско истражување, со интервјуирање на испитаниците лице в лице. Истражувањето е спроведено на примерок од 1.839 испитаници, а маргината на грешка е само 2,29 процента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година





