| четврток, 6 декември 2018 |

Недела на франкофонски филм во Македонија

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија организираат Недела на франкофонски филм.
Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Мими Ѓоргоска-Илиевска, Директор на Кинотеката на Македонија, в среда, во Кинотеката, во 20 часот ќе ја отворат оваа традиционална мартовска филмска манифестација, по што ќе следи проекција на емотивната љубовна драма „ЗА ЕДНА ЖЕНА“. Предвидени се две проекции за филмот на отворање: во 20 и во 22 часот.
Филмската критика го карактеризираше делото на Кирис како „враќање кон основите на филмската уметност преку една прекрасна приказна, со внимателно селектирани фотографски кадри и класичен филмски код за вистинско уживање“ (Ле Паризјен); како „режисерско моќно дело во кое се преплетуваат минатото и емоциите“ (Теле 7 Жур); или, пак, како „особено искрена реализација“ (20 Минит) односно „романескна фреска издлабена од тројца извонредни актери“.

Неделата на франкофонски филм ќе продолжи следните денови :
– Четврток 27 март 2014, во 20 часот:  „Во секој случај, Лоранс“, на Гзавие Долан (2012, Канада)
– Петок 28 март 2014, во 20 часот:  „Странецот“ на Ники Илиев (Бугарија)
– Сабота 29 март 2014:
20 часот: „А сега, каде?“ на Надин Лабаки (2011, Либан, Франција)

22 часот: „Барони“ на Набил Бен Јадир (2009, франкофонска Белгија), со Надер Бусандел, Мурад Зегенди
– Недела 30 март 2014, во 20 часот: „Денес“ на Ален Гомис (2013, Франција, Сенегал).

Настанот се организира во соработка со Амбасадата на Канада, Амбасадата на Бугарија и Федерацијата Валонија-Брисел, во чест на прославата на Франкофонијата во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top