Руските специјални сили ја зазедоа украинска воздухопловна база Белбек откако истече рокот до кој украинските војници требаше доброволна да им ја предадат. Русите ги пробиле ѕидовите на базата со оклопни возила а во кратката претсрелка повреден е еден украински војник. Командантот на базата кој барал од војниците да се бранат е уапсен од руските сили кои го однеле на непозната локација.
Во меѓувреме повеќе од пет илјади луѓе се собраа на прорускиот митинг во источниот украински град Доњецк со барање да се распише референдум за отцепување, каков што беше одржан на Крим.
Во Украина пристигнаа и дел од членовите на мисијата на ОБСЕ откако и официјална Москва даде зелено светло за нејзиниот мандат. Руските власти соопштија дека се надеваат оти ОБСЕ ќе помогне да се надмине внатрешната криза во Украина и да се иобезбеди почитувањето на човековите права на сите етнички групи во таа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз