| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Робертсон му порача на Расмунсен: Сакам да дадам еден краток совет, Македонија треба да стане членка на НАТО

imagesПоранешниот генерален секретар на НАТО алијансата, Џорџ Робертсон на форумот „НАТО во транзиција“, оддржан во Брисел рече дека се уште е можно Македонија да биде примена во НАТО, бидејќи таа е совршено квалификувана за да го направи тоа. Тој му се обрати и на генералниот секретар на алијансата во заминување, Андерс фог Расмусен, кој исто така учествуваше на форумот во Брисел. „Сакам да дадам еден краток совет, сметам дека се уште е можно Македонија, земјата која Андерс мора поинаку да ја нарекува, а впрочем и јас морав да го правам истото за време на својот мандат, Република Македонија треба да стане членка на НАТО, бидејќи е совршено квалификувана да го направи тоа“, изјави Робертсон.

Следниот самит на нато ќе се оддржи во септември годинава во Велс, Велика Британија, а се очекува дека проширувањето на Алијансата ќе биде една од темите на агендата на земјите членки на Северноатланскиот сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top