Украина ќе побара исклучување на Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации. Украина ќе оди до крај бидејќи смета дека повеќе нема што да чека и на што да се надева од Русија. Со оглед на тоа донесена е и Декларација за борба за ослободување на Крим. Во декларацијата стои дека Русија со анектирањето на Крим, легитимна украинска територија, го предизвикала целиот свет и „дрско ги омаловажила законите на суверена Украина и основните норми на меѓународното право“. Во Декларацијата се истакнува дека за првпат по Втората светска војна се прекројуваат општопознатите граници во Европа и дека меѓународната заедница не смее да ја прифати политиката на свршен чин и да попушти пред таквото делување.
“Крим беше и ќе остане во составот на Украина. На наша страна е Бог и правдата“, се вели на крајот на Декларацијата. Исто така донесен е и закон кој ја казнува секоја соработка со новите власти на Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.