| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени последните 54 минути на малезискиот авион: Јас токму во овој миг би го киднапирал авионот!

Британскиот дневен весниk „Телеграф“ дојде до снимките од разговорот на контролата за летање со кабината на исчезнатиот авион „Боинг 777“. Снимките ги преслушал Стив Ланделс, поранеше пилот на „Бритиш ервејс“, кој го понудил споственото мислење за природата на комуникацијата со контролата за летање. Во целата комуникација од целосна рутина излегуваат само две ситуации. Првата е кога копилотот Фарик Абдул Хамид во 1:07 часот наутро ја известил контролата дека авионот лета на крстаречќка висина од 35.000 стапки. Таа порака според упатените била непотребна, воопшто не требало тоа да им го соопштува, бидејќи идентична порака испратил и пред шест минути.

– Би можело едноставно пилото да заборавил или не бил сигурен дали и јавил на контролата дека летот ја достигнал таа висина. Можел само да потврди дека се наоѓа на  35.000 стапки и тоа не е ништо необично и не би го сметал за чудно, рекол Ланделс.

Другата ситуација, која е главна причина зошто постојат сомнежи дека исчезнувањето на авионот било смислен акт, е фактот што прекинот на комуникацијата и острото завртување на десно се случил во време на префрлување на контролата на летање од Куала Лумпур на Хо Ши Мин.

– И јас да сакав да го киднапирам авионото, тоа ќе беше токму во истиот момент, во кој е можно да се појави дупка во комуникацијата меѓу двете контроли на летање. Тоа е единствениот момент во текот на летот кога авионот не би бил видлив од тлото, изјавил Стивен Бадзгајан, поранешен вработен во „Бритиш ервејс“ и исто така искусен пилот на „Боинг 777“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top