На гласањето на интернет граѓаните на Венеција и регијата Венето со 89 проценти „за“ се изјаснија за независност на покраината . Според податоците обајевни во Тревизо, во гласањето учестцувале 2.360.235 лица или 73 проценти од избирачкото тело. Виртуелниот референдум ги мобилизираше гласачите, но на официјалното прогласување на резултатите се собраа само неколку стотини луѓе во Трезиво, од кои многумина носеле знамиња на Серенисима, Млетачката република.
Со „да“ се изјасниле 2.102.969 лица или 89 проценти, а со „не“ 257.276 или 11 проценти, прецизирале организаторите на референдумот кои предлагаат отцепување на регијата од останатиот дел на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.