| четврток, 6 декември 2018 |

Во Египет почнува масовно судење на приврзаниците на Морси

egipetska vojska ubiva nevooruzen demonstrant

Во Египет денеска почнува најмасовното судење на приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси, при што на суд ќе бидат изведени над 1.200 лица.

Судењето е дел од настојувањата на египетските власти, поддржани од војската да го задушат дејствувањето на исламистите, кои и натаму бараат Морси, првиот избран египетски претседател, да биде вратен на власт, од која беше соборен во јули.
Во групата од 1.200 обвинети е и врховниот лидер на сега забранетата група на Морси, Муслиманско братство, Мухамед Бадие.
Околку 500 обвинети ќе бидат изведени денеска пред суд, а уште 700 во вторник, изјавија судски извори.
Засега не е познато колкумина од обвинетите ќе се појават во судницата, откако судски извори наведоа дека околу 200 од обвинетите се во притвор, а останатите се пуштени со кауција или се во бегство.
Веб-страници блиски до Муслиманско братство јавија дека судењето ќе се одвива во шест судници во Миња, јужно од Каиро.
Обвинетите се товарат за напад врз приватен и јавен имот во јужен Египет во август, откако безбедосните сили разбија два протестни кампа на приврзаниците на Морси во Каиро. Тие исто така се обвинети за акти на насилство, кои довеле до смрт на двајца полицајци во Миња.
Повеќе стотици лица се убиени на 14 август во растерувањето на приврзниците на Морси од две локации во Каиро, како и во судирите следниот ден.
Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ тврди дека оттогаш најмалку 1.400 лица се убиени ширум Египет, а повеќе илјади се уапсени.
Морси е обвинет во три судски случаи, вклучувајќи и поттикнување на убиствата на демонстранти пред претседателската палата додека беше шеф на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top