Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на традиционалното искачување на Исарот, во Штип, по повод Свети 40 маченици, обичај уште познат и како „Чет’ресе“.
Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Свети 40 маченици, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар и попатно се поздравуваат со најмалку 40 луѓе.
Младите собираат и 40 камчиња, од кои 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница, затоа што, според верувањето, така ќе го сонат својот животен сопатник.
Обичајот на искачување на Исарот и фрлање на 40 камчиња е првото нематеријално културно добро од Македонија, што од декември 2013 година е на репрезентативната листа на УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.