Делчевец синоќа преживеал вистински хорор откако две засега непознати лица физички го нападнале и го малтретирале.
Според податоците од полицијата, насилниците го врзале 44-годишниот Т.Р. во неговиот двор, го удирале со тупаници во пределот на телото и главата и со закана со нож му барале пари.
Откако делчевецот кажал дека нема пари за да им даде, разбојниците влегле во куќата, извршиле прабарување и одзеле 1.100 евра, 2.000 денари, 10 лева и еден мобилен телефон.
Полицијата по превземените мерки ги приведе 32-годишниот А.Д. и 34-годишниот П.Т. од Свети Николе поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.