Граѓаните на Венеција и на околината по електронски пат изгласаа отцепување од Италија и формирање сопствена држава. Како што јавуваат медиумите, за отцепување на Италија гласале 89 отсто од гласачите.
Инаку, во гласањето учестуваа преку два милиона жители на регионот Венето. Електронското гласање, кое го организираа локалните партии, не е законски обрзувачко, но има за цел да ја процени поддршката на повикот за распишување референдум.
На социјалната мрежа „Твитер“ се разви остра дискусија меѓу поборниците за отцепување и Италијанците, кои ова гласање со потценување го нарекуваат „тотална лудост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.