Емина Јаховиќ, која е дел од жирито на „Икс-фактор“ за српски „Курир“, вели дека се надева на огромно присуство на обожавателите на натпреварувачите во „Комбанк арената“.
– Мој фаворит за победа е Лукијан. Тој е комплетен „Икс-фактор“, тоа што го бараме, а се надевам дека и публиката ќе го препознае тоа – вели таа.
На констатацијата од српски „Курир“ дека многумина сметаат дека токму Даниел Кајмакоски го има тој „Икс-фактор“, таа тврди дека нашиот кандидат нема шанси покрај нејзиниот Лукијан.
Финалето на „Икс-фактор“ ќе се одржи утре, со почеток од 21 часот на телевизија „Сител“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.