Денеска во Скопје се одржува 25. државен натпревар по информатика за ученици од средните и од основните училишта, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија.
Настанот го отвори заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, која пред присутните истакна дека натпреварот претставува уште една потврда за трудот и сериозните напори вложени во создавањето млади кадри, кои во иднина ќе придонесат за развојот на ИКТ секторот во земјата.
– Сведоци сме на огромниот пораст и развој на информатичката и телекомуникациската технологија. ИТ компаниите работат сè поуспешно, а професиите во оваа сфера, од година во година, стануваат се побарани и попотребни. Ние како надлежни институции во овој домен даваме континуирана силна поддршка, а сето тоа со единствена цел да изградиме информатички образована нација – рече Арсовска Томовска.
Таа додаде дека во последните години значително се зголемува бројот и потребата од нови работни места во оваа област.
Државниот натпревар по информатика се одржува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, во чии рамки се организира и работилница на тема „Активности на Здружението на информатичари поврзани со наставни програми по информатика„ како и презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.