Во вооружен судир во центарот на Пеќ вчера се убиени две лица, а седум се повредени, а приштински медиуми пренесуваат дека можна причина е крвна одмазда, јави „Танјуг“.
Две лица загинаа, рече портпаролот на регионалната полиција во Пеќ, Џеват Ибрај. Ибрај изјави дека еден од убиените е случаен минувач, додека другиот бил вклучен во судирот.
Весникот „Коха диторе“ се повикува на извори кои навеле дека имаат информации дека меѓу учесниците во судирот се членови на семејството на наркодилерот Насер Кељменди. Како што пренесуваат медиумите, се сомнева дека еден од убиените е Валдет Кељменди со прекар Лара, кој, најверојатно, бил цел на нападот, додека идентитетот на случајниот минувач не се наведува.
Директорот на регионалната болница во Пеќ, Скендер Дрешај, потврди дека во болницата се префрлени девет лица, кои се повредени во вооружениот судир во близина на хотелот „Гранд“, од кои две починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



