
Даниел Kајмакоски добива голема балканска поддршка. Српски „Телеграф“ објави дека тој е најголем фаворит за победа во годинашниот „Икс-фактор“, а во сите досегашни настапи во живо имал најмногу гласови и од Србија и од родната Македонија. Кајмакоски утревечер ќе биде дел од суперфиналето на „Икс-фактор“, кое ќе се одржи утревечер во „Kомбанк арена“, а единствениот Македонец што влезе во финалето води на речиси сите анкети. „Икс-фактор“ посочува дека тојужива најголемо внимание и од медиумите, кои секојдневно пишуваат за него.
Македонците заминуваат да го бодрат Даниел Кајмакосви во соседна Србија. Утре непосредно пред финалето во белградското кафуле „Kолачиќ“ е организирана фан-зона. Од агенцијата „Папилон“, која организира патување до Белград велат дека професионални аниматори ќе ги обучуваат македонските навивачи како да го бодрат Kајмакоски. Велат ќе има многу македонски знамиња, а подготвуваат колаче за среќа.
Освен Кајмакоски утревечер во суперфиналето ќе се појават и Маид Хеќимовиќ, Лукијан Ивановиќ, машкиот бенд „Доктори“ и единствената дама Тамара Милановиќ. Суперфиналистите ќе отпеат една песна, па ќе има пауза за гласање. Двајцата натпреварувачи ќе бидат елиминирани со првиот пресек на гласовите. Преостанатите тројца ќе се претстават со уште еден рефрен, па повторно ќе се пребројуваат гласовите. Двајцата најдобри меѓу кои ќе се одбере првиот регионален победник на „Икс-фактор“ ќе го затворат натпреварувачкиот дел со уште една тема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како изгледа денес учесничката во првата сезона на „Х фактор“ Илма Карахмет (фото)
-
Учесник во „Икс-фактор“ загина во сообраќајна несреќа (фото)
-
Модна катастрофа: Што и се случило на познатата пејачка кога решила вака да се облече (фото)
-
Победникот на „Икс фактор“, Амел Ќуриќ, пее за скршено срце (видео)


