
Актерката Искра Ветерова синоќа ја прими наградата и стана четврти добитник на актерското признание што го доделува „Дневник“ од 2011 година.
Уредничката на културната рубрика Лилјана Грџо Дамовска го прочита образложението за наградата. Ветерова доби статуетка што ја изработи скулпторот Сашо Саздовски, а претставничката од „Тинекс“ ~ го врачи паричниот дел од наградата.

– Актерката Искра Ветерова во ликот на Стела Бенвениста влегува со целата душа и тело. Сцената ја освојува со силни емоции, а духот на старицата Стела Бенвениста го оживотворува со беспрекорна актерска посветеност. Таа е духовната вертикала околу која ротира дејството во најкомплексната претстава поставена на театарската сцена во Македонија. Актерската изведба на Искра Ветерова е емотивна и истовремено многу нежна. Движењата се спокојни, но со цврста гестикулација. Зборовите се тивки и полни со болка, но и со неизмерна љубов. Во себе ги носи страдањата на милиони маченици, но и една од највозвишените одлики на човековото битие – способноста да простува – стои во образложението.
„Дневник“, наврши 18 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“


