| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Венеција кажаа ДА за отцепување од Италија

venecija omilena destinacija
Граѓаните на Венеција и околните области гласаа по електронски пат за отцепување од остатокот на Италија и формирање сопствена држава, за што се изјасниле 89 отсто од гласачите. Над два милиони жители на регионот Венето, учествуваа во целонеделното гласање, а 89 отсто од нив се изјаснија за независност на Италија.
Електронското гласање, кое го организираа локалните партии, не е законски обрзувачко, но има за цел да ја процени поддршката на повикот за распишување референдум.
На социјалната мрежа Твитер се разви остра дискусија меѓу поборниците за отцепување и Италијанците кои ова гласање со потценување го нарекуваат „тотална лудост“.
Приврзаниците за отцепување велат дека новата Република Венето била инспирана од старата Млетачка Република која постоела од седмиот век до падот под власт на Наполеон во 1797 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top