Перо Антитиќ нанижа двоцифрен број поени, но неговата Атланта загуби на домашен терен од Њу Орлеанс. Најдобриот македонски кошаркар се најде во почетната петорка на Атланта на мечот со Њу Орлеанс (105:111), повторно одигра одлично, минувајќи 28 минути на паркетот со биланс од 14 поени, шест скока и три асистенции, но неговиот учинок не беше доволен Хокси да ја продолжат серијата од пет победи. Џеф Тиг се истакна со 26 поени и осум скока.
Решавачка беше последната четвртина во која гостите од Њу Орлеанс постигнаа дури 42 поена. Најзабележителен беше Ентони Дејвис со 34 поени, од кои 13 во последната четвртина.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Чикаго 91-79,
Филаделфија – Њујорк 92-93,
Бруклин – Бостон 114-98,
Торонто – Оклахома 118-119,
Атланта – Њу Орлеанс 105-111,
Мајами – Мемфис 91-86,
Далас – Денвер 122-106,
Феникс – Детроит 98-92,
Сакраменто – Сан Антонио 79-99,
ЛА Лејкерс – Вашингтон 107-117
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


