Групата побара до Меѓународниот кривичен суд за истрага и процес поради, како што тврди, „долготрајниот систем под закрила на црквата на сексуално насилство врз децата кои и биле доверени на чување и школување“.
Во барањето посебно е именуван актуелниот папа Бенедикт, како поранешен раководител на ватиканската Конгрегација за доктрината на верата, која од 2001 година, беше надлежна за разгледувањето на сите вакви познати случаи. Покрај папата, во формалниот приговор до судот, се посочени уште тројца други кардинали, меѓу кои и сегашниот раководител на Конгрегацијата.
Американските правници од оваа група веруваат дека случаите на силување на децата, како и тортурата врз нив, претставуваат злосторства против човештвото, за кој овој Меѓународен суд мора да расправа.
Претходно, ватиканските власти, реагра на разните американски барања за судење со објаснување дека црквата досега многупати се извини и изрази жалење за она што се случувало пред повеќе децении.
Само во САД досега на име отштета се исплатени околу три милијарди долари, а стотици свештеници се исклучени од Католичката црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Голема акција во Европа: Изгасната интернет мрежа на 87.000 педофили, 14 уапсени


