Навивачите на Милан кој вчера влегоа на нивниот тренингот како би побарале објаснување за лошите натпревари во последно време, на мета се најдоа претседателот Галијани, тренерот Сидорф и најдобриот играч на екипата Марио Балотели.
Контроверзниот фудбалер еден ден покасно изјави дека доколку навивачите сметаат дека тој е крив нема да биде проблем да го напушти клубот, но застана и во одбрана на Галијани и Сидорф.
– Го разбирам незадоволството на навивачите кои имаат големи очекувања. Јас сум со цело срце за Милан, тука сум роден и го сакам тимот, но доколку навивачите сметаат дека јас сум проблемот, ќе ја напуштам екипата. Меѓутоа никој нема право да го критикува потпретседателот Галијани и тренерот Кларенс Сидорф. Мораме да му дадеме време на Сидорф, тој е тука само два месеца – изјави Балотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим