| четврток, 6 декември 2018 |

Путин го потпиша Законот за приeм на Крим во Руската Федерација

vladimir-putin

Рускиот претседател, Владимир Путин, го потпиша Законот за ратификување на договорот за прием на Крим и на Севастопољ во составот на Руската Федерација.

Путин го потпиша и Законот за создавање два нови субјекта на РФ – Република Крим и град со федерален статус Севастопољ. Со тоа правната процедура по нивното пристапување кон Русија е завршена.

Претходно рускиот парламент го одобри конечното ратификување на договорот по гласањето во Горниот дом, Советот на Федерацијата.

Церемонијата во Кремљ беше пренесувана на националната телевизија. По тој повод Путин изјави дека приклучувањето на Крим кон Русија е извонреден настан.

Рускиот претседател потпиша указ за именување на Олег Белавенцев за негов полномоштен претставник во кримскиот федералн округ.

Путин ги повика пратениците од двата дома да работат активно за прием на Крим и на Севастопољ во составот на федерацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top