| четврток, 6 декември 2018 |

АПЕЛ: Да му помогнеме на 14-годишниот Никола во битката со тешката болест!

h
14-годишен Никола Вулетиќ има потреба од постоперативно лекување во Република Турција, кое чини 100.000 евра.
Имено, на 09.01.2014 година му е дијагностициран тумор на мал мозок (medulloblastoma). Поради сериозноста на дијагнозата, бидејќи се работи за тип на агресивен тумор, како и високиот ризик од негово понатамошно ширење, под итно е извршена операција во истоимената болница во Истанбул од страна на детскиот неврохирург проф. д-р Мемет Озек каде е успешно отстранет. Трошоците за операцијата, вклучувајќи ги сите медицински услуги направени во болницата, како и престојот на родителите беа покриени со сопствени средства во висина од 40.000 евра.
Сега за негово понатамошно лекување, т.е. хемотерапија и радиотерапија, неопходни се средства во висина од 100.000 евра кои ние како родители не сме во можност да ги обезбедиме. Затоа ги молам сите хумани граѓани да донираат парични средства на долунаведената жиро-сметка за да помогнат во негово излекување.
Никола и неговите родители би биле благодарани ако донирате на некој од отворените броеви за донација:
T-Mobile – 070/143 115
VIP – 077/143 133
или ако уплатите средства на жиро-сметката:
300097024332971
Комерцијална банка АД Скопје
на име Никола Вулетиќ
Полномошник: Горан Вулетиќ
Адреса на живеалиште: ул. Тричковиќ бр. 19/9 1300 Куманово
Да бидеме хумани! Да му помогнеме на Никола!
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top