| четврток, 6 декември 2018 |

Филе ја откажа посетата во Скопје- се исфрустрирал од политичката криза

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја откажа посетата на Скопје најавена за 19 овој месец затоа што бил фрустриран од непроменетата политичка ситуација. Во соопштението еврокомесарот вели дека сега не е вистинскиот момент за тој да дојде во земјава.

– Во светлото на моменталната политичка ситуација не сметам дека мојата посета со намера да разговарам за актуелните прашања ќе биде соодветна во овој момент. И низ јавните изјави и низ посетите од високите претставници и преку моите обраќања за да се олесни процесот на изнаоѓање решение Европсакта унија и нејзините партнери го покажаа загрижувањето во однос на настаните од 24-ти декември и менаџирањето со настанатата криза. Фрустриран сум од недостатокот на прогрес за да се стави крај на кризата, вели Филе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top