| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија децата ќе се вакцинираат против стрептокока

vakcina

Децата во Македонија ќе може да се вакцинираат против бактеријата стрептокока. Од Министерството за здравство најавуваат дека наскоро овие вакцини ќе ги има во центрите за јавно здравје и таму ќе може да се вакцинираат пациентите што сакаат да се заштитат. Засега не се знае дали вакцината ќе биде бесплатна, објави весникот „Нова Македонија“.
Стрептококата е бактерија што многу често прави инфекции кај дечињата што одат во градинка и во училиште, а се заразуваат едни од други. Типови на бактеријата можат да бидат многу опасни за организмот и да предизвикаат тешки оштетувања.
Сега државата набавува мал број вакцини за стрептокока, кои на Клиниката за детски болести им се даваат на деца што имаат ризично здравје, а според лекарите постои голема заинтересираност за нив.
Постојат две вакцини за стрептокока. Едната штити од 13, а другата од 23 типа на бактеријата. Помалите деца, велат педијатрите, често си пренесуваат стрептокока пневмонија, додека оние на училиште од типот пиогенес, која знае да предизвика опасна инфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top