Премиерот на Русија Дмитриј Медведев денес на состанок со претседателот Владимир Путин кажал дека Украина треба да ѝ врати 16 милијарди долари на Русија, бидејќи станува неважечки договорот од Харков, според кој Москва ја снабдува Украина со евтин природен гас, јавуваат руските медиуми.
Медведев истакнал дека договорот од Харков според кој Русија ќе ја обезбедува Украина со евтин гас, а за возврат ќе ја изнајмува поморската база Севастопол на Крим, станал неважечки и дека Русија по овој основ има право да бара враќање на 16 милиони долари од страна на Киев.
Тој прецизирал дека покрај долгот од 11 милијарди долари за изнајмување на поморската база, Украина и’ должи на Русија уште три милијарди долари за неодамнешниот заем и околу две милијарди на рускиот концерн „Газпром3.
Москва и Киев на 21-ви април 2010 година потпишаа договор во Харков според кој земањето под закуп на базата на Црноморската флота во Севастопол бил продолжен и за наредните 25 години, почнувајќи од 2018 година, бидејќи претходниот договор истекувал во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.