| четврток, 6 декември 2018 |

Русија не воведува визи за Украина

Vladimir_Putin-6-540x376Русија засега ќе се воздржи од наметнување реципрочни санкции на САД и да воведува визен режим со Украина, изјави претседателот Владимир Путин пред Советот за безбедност на Руската Федерација.

– И во првиот случај – американските санкции – и во вториот – воведувањето визен режим од Украина, според мене засега треба да се воздржиме од одмазднички чекори – истакна Путин.

Ова најмногу се однесува на визниот режим со Украина.

– Ако Русија преземе ваква мерка, ќе настрадаат сосема невини милиони Украинци кои бездруго живеат работејќи во Русија, обезбедувајќи малку пари за своите семејства. Не смееме да го направиме тоа – изјави рускиот лидер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top