| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Микиќ ја повреди ногата, вечерва во количка на сцената на МНТ

Микиќ во Сомнително лице

Микиќ во Сомнително лице

Македонскиот актер Александар Микиќ ја повреди ногата, а не е исклучено дека се работи за скршеница. Но, тоа не го спречува вечерва да застане на сцената на МНТ, каде што на репертоар е „Подемот и падот на кабарето“, која првпат ќе биде одиграна на сцената во новиот театар.
Откако вчера во последен момент била откажана претставата „Ах, љубов моја“ во Театар Комедија, во која гостува Микиќ, „Република“ го побара актерот, инаку вработен во МНТ, за да провери што се случува со него.
– Се лизнав и лошо се дочекав. Сѐ уште не знам дали ми е скршена ногата, снимката не беше јасна. Ми ставија лонгета, сега ќе одам повторно да ја снимам, па ќе видам дали е скршена. Се работи за зглобот на левата нога. Сепак, тоа не е причина вечерва да не се појавам на сцена во МНТ, каде што  првпат во новиот театар ќе биде одиграна „Подемот и падот на кабарето“. Вечерва ќе се појавам во инвалидска количка и така ќе ја одиграм улогата. За понатаму ќе видиме, во зависност од резултатите од снимањето на ногата – ни изјави Микиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top