| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се претстави на саемот за туризам во Гетеборг

time

Македонија по трет пат ги претставува своите туристички потенцијали на водечката саемска туристичка манифестација во Скандинавија – ТУР 2014 во Гетеборт, која беше отворена вчера и ќе трае до 23 март.

На годинашниов саем, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, учествуваат преку 500 излагачи, агенции, туроператори и претпријатија од турситичкиот сектор, од преку 90 земји во светот. Се очекува ТУР годинава да го посетат над 30.000 посетители.

Штандот на Република Македонија, кој го подготви Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, и кој е опремен со богат туристички репрезентативен материјал, разновидни брошури и проспекти, вчера го посетија голем број новинари од водечките шведски весници, меѓу кои, „Свенска дагбладет“ и „Дагенс нихетер“, како и едно од најтиражните списанија од областа на туризмот и патувањата: „Вагабунд“ и популраниот туристички сајт reseguiden.se.

– Остваривме контакт и со Агенцијата на шведските туроператори, но и со туристички агенции од соседните скандинавски земји – вели Мирјана Наумовска, економски промотор на Република Македонија во Шведска и Финска. На 22 март на македонскиот штанд на ТУР ќе се одржи македонски ден со кулинарски специјалитети и вино и со настап на членови, фолколористи и музичари од Македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг.

Инаку, за одблежување е дека во изминатиот период Македонија добива запазено место во медиумските известувања во Скандинавија посветени на туристичката промоција.

Многумина Швеѓани патуваат на исти места и во исти земји од година во година, но многумина откриваат и нови туристички дестинации. Скопје лани се искачи високо на листата на популарни туристички дестинации меѓу Швеѓаните, кои во текот на 2013 година пребарувале двојно повеќе патувања за Скопје во споредба со 2012 година. Тоа го покажуваат сумираните податоци на популарниот туристички сајт „Skyscanners“.

Интересирањето за Скопје на турстичките веб-сајтови за пребарување на патувања, како и за повеќе други главни градови во Европа, е поврзан и со евтините нискобуџетни авиолетови, кои од Шведска, на пример, директно го поврзуваат Скопје со трите најголеми шведски урбани центри – Стокхолм, Гетеборг и Малме. Скопје, Даблин, Хамбург, Манила, Техеран, Измир, Канкун, Сплит, Бризбејн и Кејптаун се десетте градови за кои во Шведска лани најмногу се зголемиле туристичките пребарувања, според „Скај скенерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top