| четврток, 6 декември 2018 |

Дурант сѐ поблиску до рекордот на Мајкл Џордан (видео)

Екипата на Оклахома славеше на гостувањето кај Кливленд Кавалирс со резултат 102-95, а најзаслужен за победата беше Kевин Дурант, кој уфрли 35 поени. Ова беше 33. натпревар по ред на кој маестралниот Дурант има преку 25 поени, па сега го делат само уште седум натпревари до соборување на рекордот на Мајкл Џордан.

Хјустон без Двајт Хауард лесно ја совлада Минесота најмногу благодарение на одличната партија на Харден, кој со 28 поени имаше и осум асистенции. Хјустон губеше и десет поени разлика на стартот, но со огромна серија во втората и во третата четвртина го скрши противникот.

Голден стејт со 115-110 славеше над екипата на Милвоки бакс. Најефикасни на натпреварот беа Стефон Кари, кој постигна 31 поен, и неговиот соиграч Клеј Томсон, кој го заврши натпреварот со 29 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Оклахома 95-102, Хјустон – Минесота 129-106, Портланд – Вашингтон 116-103, Голден стејт – Милвоки 115-110

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top