
Во врвот на кариерата на Никола Теска, кога беше на чекор да докаже дека е можно пренесување електрична енергија со безжичен пренос, мистериозно избувна пожар во неговата лабораторија во Њујорк. Сите докази биле уништени, а причината за пожарот никогаш не била откриена. Тоа се случило на денешен ден во 1895 година.
Пожарот бил најголем удар во истражувачката кариера на Тесла. Изгореле околу 400 елетромотори, електрични и механички осцилатори, трансформатори, оригинални конструкции…
Никола Теска во врвот од својата кариера бил полн со енергија и оптимизам, само два дена подоцна формирал нова компанија и продолжил со работа, но шпекулациите за причините за пожарот не престанале.
Некои сметале дека пожарот бил подметнат од Томас Едисон, познат како голем противник на Тесла. Судирот се случил откако Едисон го покренал системот за дистрибуција на електрична енергија на основа на еднонасочна струја и покрај постојниот поефикасен систем на Тесла со наизменична струја. Тесла подоцна прекинува секаква соработка со Едисон.
Во изгорената лабораторија, Тесла бил на чекор да направи чудо.
– Можеби ќе мислите дека сонувам и ќе речете дека одам предалеку ако ви кажам на што се надевам во иднината. Можам да кажам дека со апсолутна самодоверба верувам дека ќе испратам порака од еден крај на земјата до друг, и тоа без жица! Исто така, верувам дека на ист начин, без жица, ќе пренесам електрична енергија без загуби. Повеќе ќе нема сомнежи во успехот за безжично управување и давање знаци во далечина – изјавил Тесла непосредно пред пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


