| четврток, 6 декември 2018 |

Заев против Груевски во Скопје, Шекеринска нема да биде носител на листа?

Zoran-Zaev-6

Зоран Заев ќе ја предводи листата на СДСМ во првата изборна единица. Тој во Скопје ќе му се спротивстави на премиерот Никола Груевски, пишува „Дневник“ повикувајќи се на неофицијални информации.

Весникот пишува дека во втората изборна единица носител на листитата на СДСМ ќе биде партискиот генерален секретар Оливер Спасовски, додека за тројката се подготвува Марјанчо Николов.

Хари Локвенец, според информациите на „Дневник“, најверојатно, ќе биде носител на листата на СДСМ во четвртата изборна единица иако за таму Заев се мислел да ја стави и поранешната новинарка на Велија Рамковски, Ленче Николовска.

За во петтата изборна единица адут на СДСМ ќе биде потпретседателот на партијата, Александар Кирацовски, додека шестката во тетовскиот регион би требало да ја предводи Миле Зечевиќ.

Од таквиот распоред на листите станува извесно дека по неколкуте афери, Шекеринска остана без носителско место, но сигурно ќе се најде на некое од добитните во првата изборна единица.
Конгресот на СДСМ на кој треба да се официјализираат листите е закажан за в недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top