
Десниот бек на Колдинг и на шведската репрезентација, Ким Андерсон, за официјалниот веб-сајт на противникот на Металург, меѓу другото, вели дека ја познава атмосферата во Скопје и знае дека неговите соиграчи ги чека вистински пекол:
„Според играта на нашиот тим, тој може да победи секого. Не се сомневам дека може да прикаже врвен ракомет на кој било терен, па и на теренот на Металург. Неколку пати сум играл во Скопје и знам дека таму е вистинска лудница. Но, сигурен сум дека тоа е искуство со кое нашите момци можат да се справат. Ќе биде тешко, но екипата може да оствари добар резултат, а потоа пласманот да го потврди на домашен терен“.
Самиот Андерсон, поради повреда, го пропушти најголемиот дел од тековната сезона и нема да настапи на двете средби против Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


