| четврток, 6 декември 2018 |

Египетски лекари тврдат дека СИДА-та се лекува

Воените лекари во Египет повеќе од една година работеле на таен проект и за усовршување на препаратите и уредите за лечење на ХИВ-вирус и хепатит Ц

hiv_aids_sida_507554S1

Египетски воени лекари соопштуваат дека СИДА-та се лекува и дека нивниот третман покажал дека вирусот ХИВ може да се прати и да се излечи потполно.

Воените лекари во Египет повеќе од една година работеле на таен проект и за усовршување на препаратите и уредите за лечење на ХИВ-вирус и хепатит Ц.

Основачите на оваа единствена технологија, генералот на медицинската служба Абдел Ати и полковникот Ахмед Амин објаснуваат дека инженерското одделение на оружените сили направило и тестирало два уреда – едниот открива вируси, другиот ги уништува. Во целата програма на лечење се користат специјални лекови и опрема која веќе ги минала сите фази на тестирање на животни и на луѓе.

Лековите се тестирани на ниво на токсичност на сите состојки. Бил спроведен и тест на стабилност од заздравување во тек на 33 месеци по третманот. На оваа метода лекарите работеле 20 години, а околу 70 отсто од хемиските анализи на лековите се работени во руски лаборатории.

Уште во фазата на испитување на животните се пронајдени докази дека вирусот во организамот исчезнува, по лечењето. Научниците ги проучувале хемиските врски внатре во самиот вирус, како и хемиските врски во крвта. Тие пронашле начин како да ја раскинат таа хемиска врска внатре во вирусот, а истовремено да не и наштетат на крвта.

Според „Гласот на Русија“, периодот на лечење трае шест месеци. Пациентот прво зема лекови десет дена. Потоа, од 15 до 25 дена, во зависност од состојбата, секој ден, по еден час има третман на апаратот. Потоа следат лекови во следните шест месеци.

Кај сите пациенти на кои било вршено тестирање, утврдено е дека вирусите потоа исчезнуваат. Истовремено, со лечење на болеста, се запира и шириењето на болестите кои може да се појавата како дијабетес или оштетување на видот.

Официјалното лечење на пациентите со овој треман во Египет почнува на 1 јули. Прво опремата ќе биде доставена во една или две воени болници, а потоа апаратот ќе се појави и во цивилните болници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top