| четврток, 6 декември 2018 |

Дијалогот меѓу МОН и СОНК успешен, родителите и натаму ќе добиваат СМС

 sonk-mon

Министерството за образование и наука го продолжува социјалниот партнерски дијалог со СОНК. Министерот Ристовски денеска оствари уште една средба со претседателот Неделков.

Партнерскиот пристап на родителите, односно старателите на учениците во процесот на нивната едукација е еден од суштинските фактори за постигнување подобри и поквалитетни резултати. За министерот, тие се важна алка на воспитната компонента и сите навремено преземени мерки, дадени сугестии и препораки дадени кон детето, влијаат на неговите постигања на училиште.

Ристовски го искажа своето задоволство за одличното функционирање на проектот во кој беше воведена СМС услуга, преку кој родителите еднаш неделно бесплатно се информираат за образованието на своите деца.

– Интересот за користење на оваа алатка континуирано се зголемува. Тоа го говори компарацијата на податоците. За период од 4 месеци во којшто СМС-услугата е достапна, има зголемување на бројот на корисници за повеќе од 48 отсто.  Ако првично беа испратени 143.345 СМС, оваа недела се испратени 212.690 СМС – рече министерот за образование и наука.

Целта на понудената можност и мерка е постигната и токму затоа бесплатната СМС- услуга и натаму ќе биде достапна за секој активен, но и потенцијален заинтересиран корисник.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, го искажа своето задоволство од успешниот дијалог, коректен и искрен однос кој го имаат со МОН. Најмногу се задоволни од работата на Државниот инспекторат.

Од ноември, направени се 422 инспекциски надзори, во 282 основни и 140 средни училишта. Издадени се 21 решение за отстранување на ситен недостаток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top