| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет години „вигл“ забави

Лондонските диџеи Нејтан Колс и Тери Френсис оваа сабота, 23 март, ќе гостуваат во „Експо центар“.

Тие доаѓаат во Скопје како дел од прославата на 20. роденден на таканаречените „вигл“ забави, чии основачи се тие самите. Нејтан Колс и Тери Френсис уште од 1994 година го презентираат својот уникатен андерграунд хаус звук и се водечки диџеи на лондонската андерграунд сцена.

Една недела пред нивната главна прослава за 20 години „вигл“, која ќе се одржи на непозна локација во центарот на Лондон, тие во Скопје ќе понудат неповторлива хаус-забава за која во светските клубови се бара билет повеќе, најавуваат организаторите

Како домашна поддршка вечерта ќе настапат диџеите на радио „Антена 5“, Никифор и Ицко.

Картите се продаваат на билетарницата на „Експо центар“, по цена од 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top