| четврток, 6 декември 2018 |

Познатите диџеи Green Velvet и Erick Morillo на скопско лизгалиште

 
Фановите на електронската музика, вчеравечер на Скопско лизгалиште беа сведоци на единствениот целовечерен настан SOUNDBOX кој ексклузивно и прв пат во Македонија претставува двајца великани од американската диџеј сцена! Со реноме кое гарантира префинет електронски звук и извонредно музичко доживување, на SOUNDBOX дојдоа: ексцентричниот GREEN VELVET – еден од водечките техно и хаус диџеи во светот познат по култните нумери „Flash“, „La La Land“, „Answering Machine“ и бројни хитови кои го дефинираа техно жанрот; како и херојот од денс музиката ERICK MORILLO – платинестиот добитник на престижни награди, основач на легендарната Subliminal Records и врвен светски промотор на сите стилови на хаус музиката.
Покрај нив, во листата на изведувачи за овој настан се запишаа диџеите АЛЕКСАНДАР МИСКОСКИ и МАЦИ СТОЈАНОВИЌ кои, на единствената забава која вкупно траеше повеќе од 6 часа, го претставија звукот на домашната електронска сцена. SOUNDBOX настанот во организација на Password Production и EEMM Group.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top