Сопственикот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи на Златан Ибрахимовиќ му ветил дека сите фудбалери ќе бидат наградени со по еден милион евра доколку успеат да ја освојат Лигата на шампиони оваа сезона.
Минатата сезона играчите на ПСЖ добија по 24о.000 евра бидејќи успеаја да стигнат до четвртфиналето. Таа сезона парижаните се наградени и со по 45о.000 евра бидејќи успеаја да ја освојат титулата во францускиот шампионат.
„Л’екип“ пренесува дека Келаифи оваа сезона решил дополнително да ги мотивира своите фудбалери, ветувајќи им богата награда доколку победат во Лигата на шампиони на 24. мај во Лисабон. Ветената награда од еден милион евра по играч, ќе биде најголема во историјата на фудбалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.