Многумина го направија луд, но многумина и го поздравија потегот на младото момче, Христијан Проданов, тоа момче што со слушалки на уши играше на „Рекорд“. Многумина се смееја и на дедото што запеа во автобус, но на многумина им ги исполни срцата со топлина и издејствува насмевка на нивните лица. Телекомуникацискиот оператор „Оне“ денеска обелодени дека распеаните дедо во автобусот, девојките на елеваторот, момчињата во ГТЦ и момчето на „Рекорд“, кои граѓаните можеа да ги послушаат и погледаат на порталите, се дел од најновата маркетинг кампања за новата понуда на постојното портфолио SELECT.
– Со новата понуда од „Оне“, која ја најавивме преку распеаниот дедо во автобусот, девојките на елеваторот, момчињата во ГТЦ и момчето на „Рекорд“ сакавме да внесеме свежина, радост оптимизам, а воедно и да ја претставиме најатрактивната постпејд понуда на телекомуникацискиот пазар во земјава. Со специјално креираната ознага #распеани, „Оне“ ја постигна целта да внесе позитивен дух меѓу граѓаните, многу комуникација и забава и уште еднаш да се позиционира како уникатна компанија и во делот на маркетинг-комуникацијата – изјави главниот маркетинг-директор во „Оне“, Виктор Доневски.
Новите тарифни модели: SELECT Promo M и SELECT Promo L кои од денеска им се достапни на новите приватни и деловни корисници, но и на постојните корисници, кои ќе направат обнова на договор на нови 24 месеци.
Ова е првата кампања на „Оне“ за оваа година, во која носечка улога има заштитното лице, поп-ѕвездата Каролина Гочева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.