Хрватската телевизија „Нова“ испитувала колку децата се лесна цел на социјалните мрежи.
– На портал за запознавање отворив женски профил, а за еден час имав преку 164 пораки во кои претежно 50-годишни мажи ми нудеа секс. На сите им напишав дека имам само 13 години, да видам дали некој ќе остане. По само 20 минути имав договорен прв видеосостанок. Иако го предупредив дека имам 13 години , човекот не се повлече- вели новинарот на емисијата „Проверено“.
Следниот беше корисник со шифрирано име, кој велел дека има 68 години од Загреб. Ниту тој не се повлекол пред информациата за години туку напротив напишал „мене твојте години не ми пречат. Кога може да те побарам? Дојди да се галиме. Дали си сама во станот, каде се твоите, пиеш ли апчиња?“- се прашањата на овој човек, кој се интересирал за апчиња за заштита.
По десет минути разговор пратил и своја фотографиј, која ја испратил од својата е-пошта, а потоа го нашле на „Фејсбук“. Емисијата ја емитува средбата каде што место 13-годишно девојче, во станот го пречекува телевизиска екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.