| четврток, 6 декември 2018 |

Да му помогнеме на Петар!

Дванаесетгодишниот  Петар Попоски од Охрид  боледува од многу ретка болест и итно му се потребни 10.000 евра за почеток на негово лекување во Германија.

petar-humanitarna-pomos

– Ги молам сите хумани луѓе да се јават на телефоните или на хуманитарната сметка да донираат колку се во можност. Мојот син Петар боледува од многу ретка болест Tyrosine hydroxylse deficit. Тој е прводијагностицирано дете во Македонија. Дијагнозата е поставена во Германија после 12 години. Лекувањето треба да е во Хајделберг, Германија, во метаболен центар за цела Европа. За почеток на лекувањето се потребни околу 10.000 евра – вели Гордана Попоска, мајка на Петар.

Телефони за донирање: ONE 075143502, VIP 077143702, на хуманитарна сметка за Петар Попоски 300011000002087 Комерцијална банка а.д. – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top