| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети два килограми марихуана

marihuana2

Двајца велешани се противрени поради трговија со марихуана. Дел од дрогата бил запленет во автобус од каде и почнала полициската истрага.

Велешката полиција до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата A.ф. (43)  и Х.Е. (35) и двајцата од Велес, поради основи за сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Истражен судија на двајцата им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Првопријавениот поседувал поголемо количество на опојна дрога марихуана, која имал намера да ја продаде. Па со таа цел стапил во контакт со второпријавениот со кого и се спријателил, а по кратко време му дал 22 идентични паковања со опојна дрога марихуана, со вкупна тежина од околу два килограми. А.Ф. инсистирал на тоа второпријавениот да најде купувачи и да ја продаде дрогата. Со цел постојано да биде во контакт со Х.Е. првопријавениот му дал мобилен на кој постојано му се јавувал да ја продаде дрогата и да му ги исплати парите, а исто така му обезбедил и една кујнска вага.

Неможејќи да го истрпи притисокот од првопријавениот второпријавениот стапил во контакт со за истрагата непознати од Кочани и со истите договорил купопродажба на одредена количина на марихуана. Завчера А.Ф. му дал на Х.Е. 1.000 денари за автобус за да отиде во Кочани и да продаде 80 грама марихуана. При рутинска контрола од страна на полицијата, пред влезот во Кочани е сопрен автобусот и е пронајдена дрогата , а второпријавениот е приведен во полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top