| четврток, 6 декември 2018 |

Ултиматумот истече, Киев без реакција

oleksandar turcinov

Украинскиот претседател засега не презеде никакви активности по истекот на ултиматумот што вчера го упати до властите во Крим.

Олександар Турчинов побара до 9 часот по локално време да се ослободат сите заложници во седиштето на морнаричката база во Севастопол, меѓу кои и командантот на украинската морнарица. Во предупредувањето претседателот се закани дека во случај да не биде исполнето барањето ќе бидат преземени мерки од „технички и технолошки карактер“, но до сега како што јавуваат светските медиуми не е направено ништо.

Во меѓувреме, во Киев објавени се серија нови мерки против Русија и „самопрогласените“ власти на Крим во кои спаѓаат и воведување визен режим за руските државјани и барање од ОН Крим да биде прогласен за демилитаризирана зона. Украина во исто време се подготвува за евакуација на украинската војска и членовите на нивните семејства.  Властите во Киев решија и да ја напуштат Заедницата на независни држави, организација што е формирана од поранешни советски републики. Киев најави дека ќе направи пресметка за направената штета од анексијата на Крим.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top