Денеска, 20 март, е Светски ден на среќата. Овој ден се празнува од 2012 година од страна на Организацијата на обединети нации (ООН), а нивната намера била да се покаже дека домашниот бруто-производ (БДП) не може да биде показател на напредокот на некоја земја, и оти во таа смисла потребни се подобри параметри за добросостојбата на едно општество, вклучувајќи ја и – среќата на жителите.
– Потребата да се достигне состојба на среќа е фундаментално обележје на секој човек. Ги повикуваме сите држави, интернационални и регионални организации, како и членовите на цивилното општество, невладините здруженија и поединци да го прифатат овој ден, и низ голем број активности и едукации да работат на поткревање на свеста за важноста на овој ден – се наведува во пораката на ОН.
Некои земји, како Канада, Франција, Британија, Јапонија и Италија веќе го вброија мерилото на граѓанската среќа во своите официјални национални статистики.
Среќата е ментална или емоционална состојба, карактеризирана со позитивни и пријатни емоции, кои се движат од задоволство до интензивна радост. Различниот пристап (биолошки, психолошки, религиски или, пак, филозофски) ја дефинираат на различни начини, а голем број истражувачи се занимавале со самата тема – среќа, настојувајќи да ја дефинираат и ја откријат „причината“ и значењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.